Home Шоубизнис Бред Пит „добитен“, реакцијата на Анистон – бесценета: Доделени 77. награди Златен глобус

Бред Пит „добитен“, реакцијата на Анистон – бесценета: Доделени 77. награди Златен глобус

Дефинитивно воената драма за Првата светска војна „1917“ и „Беше еднаш во Холивуд“ се апсолутни победници на овогодинешното доделување на 77. по ред Златни глобуси кое се одржа во Беверли Хилс.

Филмот на режисерот Сем Мендес ги победи фаворитите „Ирец“ и „Брачни приказни“ во категоријата Најдобра драма. Носталгичниот „Беше еднаш во Холивуд“ ја освои наградата за најдобра комедија, како и Златните глобуси за најдобро сценарио (Квентин Тарантино) и најдобар спореден актер (Бред Пит).

Најдобра актерка во драма е Рене Зелвегер како Џуди Гарланд во истоимениот филм, додека Хоакин Феникс е најдобриот актер во „Џокер“. Британецот Сем Мендес го освои Глобусот во категоријата – Најдобар режисер.

Златен глобус исто така освои и серијалот на ХБО за нуклеарната катастрофа во Чернобил.

„Ирецот“ на Мартин Скорсезе е најголем губитник, бидејќи не освои ниту еден Златен глобус од пет номинации. Наградата за животно дело ја освои двојниот добитник на Оскар, Том Хенкс за неговите филмски достигнувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …