Home Актуелно Облачна и студена среда

Облачна и студена среда

Денес во Македонија, времето ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува слаб ветар претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура ќе се движи од минус еден до пет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до четири степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со магла по котлините. Во петок попладне и во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а дневната температура од сабота ќе биде во пораст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…