Остануваат уште 27 дена за аплицирање за субвенции од проектот „Купи куќа, купи стан“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На 31 декември, 2019 година, завршува аплицирањето за субвенциониран кредит од државата за проектот  „Купи куќа, купи стан“.

Тоа значи дека последните апликации на граѓаните, за кои решава посебна комисија ќе треба да ги разгледува во изборен период. Министерката за финансии вели дека ќе побара мислење од Антикорупциска, но се надева дека нема да добие негативно мислење бидејќи станува збор за тековен проект.

„Не гледаме причина зошто не би смеело да продолжи затоа што се работи за проект што е тековен. Во минатото согласно искуството немало никаков проблем во однос на овој проект, така што не очекуваме да има било каков проблем и да треба да запре постапката“, рече Нина Ангеловска, министерка за финансии.

Инаку, годинава каматната стапка за субвенционирана рата од страна на државата се намали од 3,9 отсто на 2,9 отсто, додека за четвртата и петата година стапка е намалена од 4,4 отсто на 3,9 отсто. Кај моделот субвенционирано учество пак, каматата е намалена од четири и пол на четири отсто. Дополнително, за понудата наменета за млади лица до 35 години во првите пет години наместо 50 отсто државата ќе покрива 70 отсто од месечната рата за купување на стан. А за секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година.

Каматна стапка на рата во првите три години                              2,9 %

Каматна стапка на рата во четвртата и петата година                 3,9 %

Учество                                                                                               4 %

ЗА МЛАДИ ДО 35 ГОДИНИ

Субвенција за рата за купување стан во првите пет години е 70 %

Субвенција за рата за градење куќа во првите три години е  60%

Субвенција за граѓани над 35 години во првите пет години 80 %

Главните услови за аплицирање на проектот Купи куќа купи стан се: брачниот пар да не надминува 1.300 евра вкупен месечен приход по сите основи или за поединец 900 евра. Станот мора да биде нова градба, а цената на квадратот да не биде повисока од 900 евра. Висината на овој станбен кредит е лимитирана на 50 илјади евра. Годинава државата  одобрила 90 кредити, а се очекува бројот да стигне до 150 колку што имало и во годините претходно. И во буџетот за 2020 година се предвидени пари за овој проект.