Home Актуелно Дивоградбите во Драч главна причина за толку големите штети и жртви од земјотресот

Дивоградбите во Драч главна причина за толку големите штети и жртви од земјотресот

Драчкото обвинителство заплени документи од локалниот катастар, со што и официјално почна истрагата за околностите кои, за време на минатинеделниот земјотрес, придонесоа за уривањето на низа станбени згради и смртта на 23 лица во тој град, пренесуваат локалните албански медиуми.

„Постои основан сомнеж дека смртните случаи и штетата на објектите се последица на нелегално градење“, се наведува во документот на обвинителството на Драч.

Истрагата е отворена бидејќи обвинителството смета дека смртните случаи и уривањето се последица на нелегално градење или непочитување на прописите и стандардите.

Албанските медиуми наведуваат и дека во земјотресот се оштетени над 5.000 објекти, како и дека во домовите не можат да се вратат околу 9.000 жители на таа држава.

Во неколку десетици училишта наставата нема да може да се одржи сѐ додека не бидат извршени сериозни поправки.

Во земјотресот во Албанија во вторникот, на 26 ноември, загинаа 52 лица, а повеќе стотици се повредени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…