Home Шоубизнис Памела Андерсон се навраќа „на корените“

Памела Андерсон се навраќа „на корените“

Пред 30 години Памела Андерсон „палеше и жареше“ како неприкосновена секс бомба во улогата на спасувачката на плажа, СиЏеј Паркер, во хит серијата ,,Baywatch”. Таа улога за неа беше патот кон светската слава која и денес трае.

Атрактивната актерка деновиве се „наврати на корените“. Памела на плажа во австралискиот град Голд Коуст снимаше реклама за компанијата Ultra Tune.

Облечена во тесен црн комбинезон што потсетува на костум за нуркање со длабоко отворено деколте, Андерсон покажа дека и на 52 години го одржува своето атрактивното тело.

Во јуни Памела раскина со своето момче, францускиот фудбалер Адил Рами. Со нејзиниот поранешен сопруг Томи Ли, таа има два сина, Брендон (22) и Дилан (21).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …