Признал стотици убиства, а тогаш истражните органи дошле до шокантно откритие


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од продукцијата на Netflix повторно доаѓа нов „true-crime“ документарец кој ќе ги прикова гледачите и обожавателите на овој жанр од документарната продукција пред екраните.

Во нивната нова документарна серија тие се занимаваат со случајот за Хенри Ли Лукас, сериски убиец кој признал убиства на над сто луѓе. Но, тоа не е сè. Освен признанијата, тој во детали ги опишал жртвите и застрашувачките начини на кои ги убивал.

Меѓутоа, признанијата од Лукас многумина ги навеле да се посомневаат во неговите приказни. Група адвокати, новинари и форензичари едноставно не можеле да поверуваат дека сето тоа го има направено само едне човек.

Благодарение на истрагата, почнале да се детектираат дупки во неговите признанија за навидум бесконечната серија убиства. Токму поради тоа, многу од случаите повторно биле отворени, што ги вознемирило семејствата на жртвите кои во неговите признанија пронашле крај на нивните трагедии.

Во текот на ’80-те години го викале „The Deadly Drifter“, но поради сомнежите во неговите признанија, го добил и прекарот „The Confession Killer“.

Оваа документарна серија од пет дела ја истражува вистината зад случајот за Лукас и начините на кои неговата приказна покажала колку правниот систем на САД е недораснат за истражување на тешки и комплексни злосторства.