ЈО ќе ја испитува законитоста на надоместоците од бившите специјални јавни обвинители


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на републичкото јавно обвинителство, Љубомир Јовески, најави дека обвинителството ќе ги испитува регуларноста и евентуалната незаконитост и кривично дело во врска со исплатата на високи додатоци за доверливост на бившите специјални обвинители кои беа дел од тимот на Катица Јанева која беше на чело на СЈО.

Бурните реакции во јавноста следуваа откако првично беше објавен додатокот од 157 илјади евра кои ги зела поранешната шефица, Катица Јанева, а потоа викендов во медиумите се појавија и сумите на додатоците и за другите обвинители. Од обвинителството посочуваат дека е краток периодот досега да се знае дали има нешто незаконско, но ќе испитаат.

– Обвинителството ќе ги испита сите околности и правно релевантни факти за исплата на платите и додатоците и доколку се утврди дека има основано сомнение за извршено кривично дело ќе се постапи согласно Законот – велат оттаму и потсетуваат дека сѐ додека не беше објавена алатката „Отворени финансии“ висината на надоместоците и начинот на кој се пресметувале и тие и платите биле недостапни за јавноста.

Тоа, велат, не е случај со сите други обвинителства во државата за кои на сајтот на обвинителството е објавен коефициентот за исплата.