Home Спорт Мурињо започнал преговори со Баерн Минхен

Мурињо започнал преговори со Баерн Минхен

Жозе Мурињо веќе започнал преговори со Баерн Минхен, тврди „Газета дело Спорт“.

Раководството на баварскиот гигант е во потрага по нов кормилар, а Мурињо е еден од кандидатите за испразнетото столче на „Алијанц Арена“.

„Специјалниот“ е скоро цела година без ангажман откако доби отказ во Манчестер Јунајтед, а наводно од Баерн побара договор до јуни 2022 година.

Сега следува пауза за националните тимови, па за тоа време раководството на Баерн ќе донесе конечна одлука за новото тренерско име.

Покрај Мурињо, главни кандидати за тренерското столче во Баерн се уште Масимилиано Алегри, Ерик тен Хаг и Томас Тухел.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…