Home Шоубизнис „Холивудскиот Супермен“ најден мртов во контејнер

„Холивудскиот Супермен“ најден мртов во контејнер

Актерот Кристофер Денис, познат по прекарот „Холивудскиот Супермен“, пронајден е мртов во контејнер за фрлање стара облека.

52-годишниот актер цели 30 години го глумеше Супермен на Холивудскиот булевар, каде се фотографираше со туристите. Го прослави неговата огромна сличност со актерот Кристофер Рив, кој го играше ликот на Супермен во легендарното филмско издание од 1978 година.

Денис беше пронајден мртов во саботата наутро во долината Сан Фернандо, како главечки виси во контејнер за облека. Полицијата тврди дека неговата смрт не е сомнителна, но иницираа истрага со цел да откријат што се случило, пренесува Deadline.

Актерот последните години минуваше низ тежок период и живееше како бездомник.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Луси Хејл и Ијан Хардинг повторно глумат љубовен пар — дали ќе имаат уште заеднички проекти?

По „Pretty Little Liars“, Луси Хејл и Ијан Хардинг повторно се појавуваат како љубовен пар…