Home Шоубизнис Добитник на Нобелова за хемија за 2019: Тој е најстариот нобеловец во историјата

Добитник на Нобелова за хемија за 2019: Тој е најстариот нобеловец во историјата

Откако овогодинешната Нобелова награда за хемија ја добија Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акири Јошино, првоспоменатиот стана најстариот добитник на оваа престижна научно-општествена награда.

Нобеловата награда за хемија оваа година е доделена на Џон Б. Гудинаф, Стенли Витингем и Акири Јошино за развој на литиум- јонски батерии.

97-годишниот Гудинаф е најстариот човек до сега кој добил Нобелова награда. Литиум- јонските се првите навистина лесни батерии кои го отвориле патот за преносна електроника, како мобилни телефони, пејсмејкери и електрични автомобили.

Во раните седумдесетти, Стенли Вингем ја развил првата функционална литиумска батерија.

Џон Гудинаф го дуплирал потенцијалот на литиумската батерија, создавајќи услови за значително посилна и покорисна батерија.

Акира Јошино успеал да го елиминира чистиот литиум од батеријата, правејќи ја попрактична.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Клои Кардашијан по документарецот за Ламар Одом: „За мене тој е мртов“

Клои Кардашијан остро реагираше на изјавите на поранешниот сопруг Ламар Одом во неговиот д…