„Кралица на спонзорушите“ во конфликт со сопругата од Вејн Руни


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британците вчерашниот ден го нарекуваат најдобар ден на Твитер, а причината за тоа е јавната кавга меѓу двете фудбалерски сопруги, 33-годишната Колин Руни и 37-годишната Ребека Варди.

Сопругата на Вејн Руни објави дека извесно време се сомнева дека некој од нејзините блиски личности сè од нивната приватност им издава на таблоидите. Од некоја причина се посомневала дека тоа е сопругата на Џејми Варди, па на Инстаграм објавила лажна „стори“ објава која можела да ја види само Ребека. Погодувате, таа информација која ја објавила Колин веднаш завршила во таблоидите, а Колин тврди дека конечно го уловила предавникот.

Поглем дел од јавноста застана на страната од Колин, а Ребека се брани дека ништо не би добила за возврат од таблоидите за да го прави тоа за кое ја обвинува Колин, со оглед дека демек парите не ја интересирале. Од друга страна, пак, британските медиуми истакнуваат дека Ребека, која е бремена по петти пат, е кралица на самопромоцијата и на спонзорушите.

Ребека често јавно говореше за нејзиното тешко детство. Призна дека живеела во социјални установи и дека како тинејџерка била сексуално злоупотребувана. На 16 години го напуштила својот дом после една кавга со родителите.

После два пропадната брака, беше во врска со фудбалерот Лук Фостер, со кој го има синот Тејлор. Фостер подоцна ја обвини дека со него „напредувала“ кон фудбалерот на Лестер, Џејми Варди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy) on

Кога се мажеше за Варди во 2016 година, голем број негови пријатели не сакаа да се појават на венчавката, а се пишуваше дека Ребека е причината за кавгата на Џејми со мајка му и очувот. Ќерката на Џејми од претходната врска, исто така, не се појави на венчавката, а меѓу гостите не беше ни мајката од Ребека.

Прв пат Ребека се омажи на само 18 години, а бракот траел само 6 месеци. Нејзиниот бивш сопруг Марк Годен изјави дека му покажала веренички прстен од списание и му рекла да го купи. Ребека подоцна призна дека спиела со австралискиот пејач Питер Андре уште додека била во брак, но тој бил „нејзиниот најлош љубовник“ било кога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy) on

За време на врската со шефот Стив Кларк, Ребека остана трудна, но не од него. Сепак, во осмиот месец од бременоста се омажи за Стив, а тоа го опишува како „најголема грешка во својот живот“. Бракот се распаднал после десет месеци, а овој пат Стив бил тој кој бил неверен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy) on

Потоа се вљуби во Фостер, со кој почна врска во 2007 година. Кога неговата кариера тргна стрмоглаво надолу и почна да игра во нисколигашки клубови, Ребека не ги намали трошоците, ниту пак се откажа од идејата за луксузен живот. Се разделија во 2013 година, а Ребека го запозна Варди. Во тоа време работеше во ноќен клуб во Шефилд, а три месеци подоцна веќе беше бремена. Секако, веднаш даде отказ од работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Becky Vardy (@beckyvardy) on

„Сега има сопруг каков што отсекогаш сакала, оној кој може да овозможи стил на живот за каков што секогаш сонувала. Може да оди во шопинг, да живее во голема куќа, да вози бесни коли. Живее совршен живот“, изјави Марк.