Home Шоубизнис ВИДЕО: Андријана Јаневска и Игор Дурловски ја препејаа „Заветна“ за Денот на независноста

ВИДЕО: Андријана Јаневска и Игор Дурловски ја препејаа „Заветна“ за Денот на независноста

По повод Денот на независноста, македонските уметници Андријана Јаневска и Игор Дурловски ја препејаа познатата песна „Заветна“ која во 1991 година ја испеја славниот Пепи Бафтировски. Музиката за оваа песна е на Миле Барбаровски, а текстот на Ѓорѓи Барбаровски. Новиот аранжман е на Јаневска, а песната е снимена во студиото Гиновски.

-Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!, напиша Јаневска на Фејсбук.

https://www.facebook.com/andrijana.janevska/videos/10156937333584790/

Негде ќе те премолчат
негде ќе те сокријат
гроб со гроба ќе покријат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
така е пишано, ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.
Векови пеколни
заедно ќе минеме
древна земјо Македонска
Така е пишано, сестро
ништо да не бидеме
ти без мене јас без тебе.

Може да те одречат
други да те предадат
можат сешто да измислат
само ти си бесмртна
жива вода подземна
кај што тонеш ти извираш.

Векови пеколни…

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …