Home Вебкафе Капацитет од 12.500 велосипеди: Пуштена во функција најголемата велосипедска гаража на светот

Капацитет од 12.500 велосипеди: Пуштена во функција најголемата велосипедска гаража на светот

Со капацитет од 12.500 велосипеди кои можат да се сместат во неа, во холандскиот град Утрехт беше пуштена во функција најголемата велосипедска гаража на светот. Истата е лоцирана под централната железничка станица во Утрехт.

Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди. Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.

Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот, па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража.

Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7 500 велосипеди, а сега е целосно завршен големиот проект. Паркингот е на три ката и работи 24 часа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…