Home Шоубизнис Љубовниот бродолом не ѝ може ништо: Ирина Шајк во топ форма на плажа

Љубовниот бродолом не ѝ може ништо: Ирина Шајк во топ форма на плажа

По љубовниот бродолом и разделбата со Бредли Купер, Ирина Шајк во друштво на нејзината мајка и ќеркичката се одмора на плажа на Ибица.

Шајк го привлече вниманието на сите кои летуваат на шпанскиот остров Ибица, каде летува со својата мајка Олга Шајк-Исламова и двегодишната ќеркичка Леа де Сен Шајк Купер.

Таа беше забележана како ужива на луксузна јахта. 33- годишната манекенка изгледа фантастично во зелено бикини и мрежаст фустан , додека на плажата се забавуваше со ќеркичката.

Ирина и Бредли , наводно , останале во пријателски опдноси и се договориле дека заедно ќе се грижат за ќеркичката . Неодамна Купер бил виден како го носи девојчето во станот на Ирина во Њујорк .

Според извори блиски до манекенката , Ирина не е подготвена за нова врска и сака што повеќе време да помине со своето дете.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Роб Фили од „Love Is Blind“ проговори за испадите по кои му пропадна свршувачката

Роб Фили се осврна на двата испада во 11. сезона на „Love Is Blind“, по кои Михаела ја рас…