Home Шоубизнис Меси нападнат на Ибица (видео)

Меси нападнат на Ибица (видео)

Сезонскиот летен одмор за фудбалерите се ближи кон крајот, пред почетокот на професионалните обврски од новата фудбалска сезона, па славните фудбалски асови уживаат во последните денови од летното опуштање. Лионел Меси нив ги минува на фамозните плажи од Ибица, каде се забавува со сегашните и поранешните колеги Луис Суарез, Жорди Алба и Цеск Фабрегас.

Но, забавата му беше прекината кога еден гостин на журката прво го нападна вербално, а потоа се обиде и физички да се пресмета со фудбалската ѕвезда.

За среќа, интервенираа телохранителите. Меси помина неповреден благодарение на брзата интервенција од обезбедувањето на клубот.

Првиот дел од одморот Меси го помина на Карибите, потоа замина на неколку дена во Барселона, за да продолжи на Ибица, каде веќе со години таму го минува одморот со семејството. На подготовките на Барселона ќе им се приклучи во среда , на 31 јули.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мајкл Б. Џордан е „најопасниот човек во просторијата“ во трејлерот за „Аферата Томас Краун“

Објавен е првиот целосен трејлер за „Аферата Томас Краун“, во кој Мајкл Б. Џордан ја игра …