Home Вебкафе 14-годишно дете поради селфи со Роналдо заврши во затвор

14-годишно дете поради селфи со Роналдо заврши во затвор

14-годишниот Казахстанец Акмади Јаржанов заради едно селфи и малку муабет со Кристиано Роналдо на резервната клупа од Јувентус, заврши зад решетки поради строгите правила на земјата каде што се случи наводниот „инцидент“.

Акмади влегол на терен на натпреварот на Јувентус и Тотенхем кој се одигрувал во Сингапур за да направи селфи со Кристиано Роналдо. Меѓутоа, поради строгите закони на таа земја, момчето заврши во затвор.

Момчето стигна до својот идол, а по краток разговор со него успеа да се фотографира со мега-ѕвездата, но и да биде понуден со вода.

Сепак, законот во Сингапур е јасен и дециден. Веднаш по средбата момчето со својот татко морало да се пријави во полиција завршувајќи зад решетки.

Бидејќи момчето е од Казахстан, властите на неговата земја брзо реагирале, по што малолетникот бил пуштен на слобода, но ќе мора да плати казна.

„Го видов детето како трча по теренот. Сфатив дека сака да се фотографира со Роналдо. Се исплашив дека обезбедувањето ќе го отстрани па му помогнав и го однесов до Кристиано. Кога го видов, не го сфатив тоа како некое вознемирување“, изјави тренерот на Јувентус, Маурисио Сари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…