Home Актуелно Видео од приведувањето на Боки 13: Распитот уште трае, 30 дена притвор за Кичеец

Видео од приведувањето на Боки 13: Распитот уште трае, 30 дена притвор за Кичеец

Доцна вечерва Борјан Боки 13 Јовановски беше изведен пред кривичен судија во скопскиот Кривичен суд на распит во врска со сомничењето за противзаконско влијаење врз обвинители и перење пари откако во текот на денот беше уапсен на граничениот премин Богородица, како првоосомничен за сомневања дека изнудил 1,5 милиони евра од бизнисмен.

Судија на претходна постапка му определи 30 дневен притвор на Зоран Милевски Кичеец. Како што беше донесен така и излезе од судот, со полициска придружба. Во тек е сослушувањето за првоосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13. Обвинителството и за него бара мерка притвор.

Вечерва се вршеа претреси на повеќе локации меѓу кои семејниот дом и канеларијата на Јовановски во 1тв.

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра го одзело и телефонот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…