Home Шоубизнис Необичен хорор кој ги избезуми гледачите – страв им е да одат на спиење или да останат сами дома

Необичен хорор кој ги избезуми гледачите – страв им е да одат на спиење или да останат сами дома

Режисерот Ари Астер, кој ја потпишува режијата за хорор филмот „Midsommar“, успеа да направи толку страшен филм, што луѓето кои го изгледале се жалаат дека со денови не можат да спијат и се плашат да останат сами дома.

Исто така, тврдат дека им е тешко да одредат дали филмот им се допаднал, или го мразат моментот кога се одлучиле да го изгледаат.

Неодамна премирно прикажаниот хорор го следи патувањето на еден пар и двајца пријатели во рурален шведски град, каде одат на фестивал за летната долгодневица. Но, како што веројатно можете да претпоставите, фестивалот на крајот не испаѓа идиличен настан на каков се надеваа. Наместо тоа, ликовите завршуваат во канџите на варварски култ.

Судејќи според коментарите на гледачите на социјалните мрежи, „Midsommer“ е доказ дека хорор филм може да влее страв во коски кај публиката, без притоа сè во филмот да биде мрачно и тмурно цело време.

„Сакав да си легнам да спијам вечерва после гледањето на Midsommer. Мислам дека со часови ќе поминам зјапајќи и обидувајќи се да се помирам со тоа што го гледав“, напиша еден тип на Твитер.

„Не знам дали некогаш сум се чувствувала толку опустошено после гледање филм. Почувствував мачнина, почувствував радост. Сè на сè: Никогаш не сум видела толку терсене и реален приказ на опојната манија. Го обожавам и го мразам“, напиша друга девојка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…