Home Мајтап Виц: Да се знае кој е газда во куќата

Виц: Да се знае кој е газда во куќата

Се враќа Трпе „дрво пијан“ дома, влегува во кујната, ја гледа Трпана како мие една голема тава, удира јако со раката по масата и викнува пијано:

– Јас сум газда во оваа куќа!

Трпана му се врти, го гледа една секунда и јако го удира со тавата по глава, па Трпе онесвестен паѓа на подот.

Во меѓувреме доаѓа комшивката Маре на кафе кај Трпана, го гледа Трпе спружен на кујнскиот под, па вели:

– Што му е на овој твојов што легнал среде кујна на земја?

А Трпана: Ами, тој е газда во куќава, Маре, кај сака таму ќе си лежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мајтап
Comments are closed.

Check Also

Виц: Изнервиран петел

Шета петелот низ дворот и кога низ прозорецот од кујната во куќата гледа кокошка како се п…