Агентот проговори за иднината на Кутињо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона нема намера да го продава Филипе Кутињо ова лето, тврди агентот на бразилскиот репрезентативец, Кија Јорабчијан.

Во последно време Кутињо силно се поврзува со трансфер во ПСЖ, па некои меидуми дури тврдат дека постигнал договор со „светците“.

Каталонските медиуми пак тврдат дека Барселона сака да го искористи Бразилецот како дел од трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“.

„Пред неколку дена зборував со спортскиот директор на каталонскиот клуб и ми кажа дека Барселона не сака да го продава Кутињо ова лето, без разлика што ќе се случи. Притоа, не сме имале никаков контакт со ПСЖ“, изјави Јорабчијан.

Кутињо моментално е на Копа Америка каде со својот Бразил се пласира во финалето.

https://youtu.be/u0EjCW5pyJU