Грешка на сајтот го потврди следниот трансфер на ПСЖ (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пари Сент Жермен по грепка го потврди новиот трансфер, а станува збор за бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера.

За кратко време синоќа на официјалниот сајт на клубот беше пуштен во продажба дресот со името на Ерера и бројот 21. ПСЖ веднаш ја воочи грепката и ја тргна фотографијата, но веќе беше предоцна.

Андер Ерера веќе се договори со „светците“ и ќе пристигне како слободен играч, но трансферот се уште не е официјализиран.

Се очекува официјалната потврда за трансферот да пристигне најдоцна утре.