Home Актуелно Во Сарај нападнати ЛГБТИ активисти – едно лице е приведено

Во Сарај нападнати ЛГБТИ активисти – едно лице е приведено

Вистинска драма се случувала вчера по завршувањето на „Парадата на гордоста“. Неколку ЛГБТИ активисти од Албанија, БиХ и еден од Тетово заминале на прошетка во кањонот Матка. Но, таму биле пресретнати од група од 6-7 лица и притоа биле навредувани. Исплашени, групата активисти се качиле во такси и се упатиле кон Сарај, но таму доживеале уште една незгода.

30-годишниот Ј.А. бил приведен по вчерашниот напад врз ЛГБТИ активисти во Сарај, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од таму информираат дека приведениот Ј.А. физички го нападнал активистот од Тетово, Беким Асани.

„Околу 16:00 часот на Кањон Матка, Б.И. (32), З.Л. (31) и К.Џ.(31) сите од Тирана-Албанија, И.А. (21)и Х.Л.(32) двете од Босна и Херцеговина и А.Б. (36) од Тетово биле пресретнати од група од околу 6-7 лица и навредувани зашто биле припадници на ЛГБТИ заедницата. За да избегнат проблем, се качиле во такси возило и се упатило кон Сарај. По нив тргнало Ауди со кое кога пристигнале во близина на плоштад Иса Булетини во Сарај им бил попречен патот и такси возилото принудно запрело. Тогаш од аудито излегол возачот и започнал да го навредува и да упатува пцовки и закани насочени конкретно кон А.Б. и во еден момент физички го нападнал. Во меѓувреме на местото на настанот пристигнале УПС и од нивна страна напаѓачот е лишен од слобода. Подоцна е утврдено дека се работи за А.Ј. (30) од Скопје“, се вели во соопштението на МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…