Home Актуелно Џулијан Асанж уапсен во Лондон (видео)

Џулијан Асанж уапсен во Лондон (видео)

Еден од главните основачи на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен во Лодон, во просториите од амбасадата на Еквадор, каде ги помина последните седум години.

Асанж доби азил во еквадорската амбасада за да избегне екстрадиција во Шведска, каде што го чекаше судење под обвинение за сексуален напад, што во меѓувреме беше отфрлено.

Асанж беше уапсен од страна на полициските служби од Лондон врз основа на налог од 2012 година за непојавување на суд.

47-годишниот Асанж беше баран и од САД, каде што Министерството за правда има покренато обвиненија против него за објавување тајни документи.

Еквадорскиот претседател Ленин Морено изјави дека го повлекол азилот на Асанж поради постојано прекршување на меѓународни конвенции.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…