Home Шоубизнис Пендаровски: Подарокот за роденден од семејството ќе го носам на инаугурација ако станам претседател

Пендаровски: Подарокот за роденден од семејството ќе го носам на инаугурација ако станам претседател

Во интервју за емисијата „Ексклузив“ која се емитува на 1ТВ, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, откри што добил како подарок за роденденот од неговата сопруга и синот.

„Беше кампања и немавме време да прославиме, дури и тоа мораше да биде дел од кампањата. Добив машна, кравата“, открива Пендаровски во интервју за „Ексклузив“.

Дополнително открива дека со сопругата и синот се договориле вртоврската да ја носи на инаугурацијата доколку победи на изборите.

За својот син, кој има 17 години, вели дека не ја сака политиката, но дека политиката е нужно зло во неговото семејство.

„Инсистираме да не личи на нас, освен она што е генетика, физички изглед. Инаку мој совет би му бил да не личи на мајка му и татко му, туку да биде свој“, вели Пендаровски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …