Home Спорт Ерера: Се уште преговарам со Манчестер Јунајтед

Ерера: Се уште преговарам со Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера јавно проговоди за својата иднина и не ја исклучува можноста на лето да го напушти „Олд Трафорд“.

Договорот на 29-годишниот Шпанец со „црвените ѓаволи“ истекува на лето, а две страни до овој момент се уште не нашле заеднички јазик за продолжување на соработката.

„Сега мислам само за фудбал и победата над Барселона. Имам уште два месеци од договорот, преговараме, но во моментов имаме различни позиции околу условите за продолжување на соработката. Сакам да продолжам да играм на највисоко ниво и во голем клуб. Се уште преговарам со Јунајтед, но не исклучувам никакви други опции“, изјави Ерера.

„Скај Спорт“ пред неколку дена објави дека Ерера веќе постигнал договор со Пари Сент Жермен и дека на лето ќе се пресели во Париз како слободен играч.

Ерера во Јунајтед дојде за сума од 36 милиони евра од Атлетик Билбао во 2014 година и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 187 натпревари и постигна 20 голови.

На „Паркот на Принцовите“ според инфорнациите кои ги има „Скај Спорт“ ќе заработува 173.000 евра неделно, а наскоро овој трансфер би требало да добие и официјална потврда.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…