Вака се снима официјалната македонска разгледница за Евровизија 2019


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претставничката на нашата земја на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија, Тамара Тодевска, на социјалните мрежи сподели дел од искуството и процесот на снимање на македонската официјална разгледница која ја подготвуваат во Тел Авив.

Екипата заедно со Тамара ја сочинуваат тројца момци и една девојка, облечени во зелена модна комбинација, кои се дел од кореографијата за разгледницата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

На 7 мај Тамара ќе ја направи првата официјална проба за настапот со песната „Proud“ со која ќе  ја претстави Македонија на музичкиот спектакл во Тел Авив. Македонската делегација ќе отпатува на престижниот музички настан еден ден претходно. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска.

Aвтори на евровизиската песна на англиски јазик се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а стиховите се дело на писателот Коста Петров.

Ова ќе биде четврто учество за Тамара на овој престижен фестивал, но прво како солист.