Официјално: За 71 милијарда долари „Дизни“ го купи „21 Сенчри Фокс“ и стана гигант


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако се официјализираше купувањето на имотот на „21 Сенчри Фокс“, „Дизни“ од„само голема ѕверка“ (како што напиша престижниот Њу Јорк Тајмс), во средата стана нешто поголемо, Голијат меѓу Давидите, благодарение на купувањето на имотот на „21 Сенчри фокс“ за 71,3 милијарди долари, што го претвори Дизни во забавна компанија со невидена големина.

Волстрит Журнал објави дека заедничкиот пазарен удел на киноблагајните на Дизни/Фокс во 2018 година изнесувал 35%.

Шест работи што треба да ги знаете:

1. Сега под еден чадор (освен тематските паркови) се и: ЕСПН и студијата како Марвел, Пиксар и Лукасфилм; плус додавањето на студиото на „20 Сенчри фокс“ (кое поседува сè од франшизите „Икс мен“, „Осми патник“ и „Симпсонови“ до „Ова сме ние“ и „Модерно семејство“); Блу скај, студиото за анимација зад „Ледено доба“; кабелските мрежи Нешнал џиографик и Еф икс; и делот од 30 отсто на Фокс од Хулу, со што Дизни контролира 60 отсто од акциите, објави НПР.

2. Големината на стекнувањето: најголемото досега за 96-годишниот Дизни, далеку надминувајќи го купувањето на Капитал ситис / Еј-би-си во 1995 година за 19 милијарди долари што го доби ЕСПН; во денешни долари, тоа беше договор вреден 32 милијарди.

3. Зошто му требаше: за да може да ве убеди да платите за уште една услуга за стриминг. Дизни+ треба да почне годинава, што му дава на Дизни многу повеќе содржини со кои може да работи, бидејќи конкуренти му се Нетфликс, Амазон и Епл.

4. Што останува од Мурдоковиот Фокс: новоформираната Фокс корпорејшн ќе ги опфати Фокс њуз, Фокс броудкаст нетворк, локалните Фокс станици и спортскиот канал ФС1. Блумберг објави дека делот на Мурдок од договорот е 12 милијарди долари, но тие пари ќе им бидат исплатени на неговите шест деца, кои ќе станат милијардери.

5. Импактот врз индустријата: „Домино-ефектот можеби нема да биде јасен со години. Експертите велат дека Дизни може да ги принуди помалите студија да се спојуваат додека се борат со конкуренцијата. Ќе има поголемо влијание врз сопствениците на киносалите од аспект на колачите од благајните. А плановите на Дизни да ја користи содржината на Фокс за жестоко да продре во сферата на стримањето може да го забави растот на Нетфликс“, вели Тајм. Од гледна точка на работните места, не е многу добро. Илјадници работни места ќе бидат загубени. Тајмс дава бројка од над 3.000; Холивуд рипортер вели 4.000 до 10.000 работни места.

6. Интересна можност: Зделката му го носи на Дизни Фокс срчлајт, кој ги има победниците за најдобар филм како „12 години роб“ и „Обликот на водата“. Дизни никогаш нема освоено Оскар за најдобар филм; тоа конечно може да се промени, вели АП.