Home Шоубизнис Де Ниро по телефон се искара со личниот возач – го остави да чека пред суд (видео)

Де Ниро по телефон се искара со личниот возач – го остави да чека пред суд (видео)

По завршувањето на судското рочиште во судот во Њујорк, 75-годишниот актер Роберт Де Ниро со весници се криеше додека го чекаше личниот возач кој доцнеше, поради што холивудската ѕвезда беше видно изнервирана.Холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро со весници се криеше од медиумите додека мораше да го чека возачот за да го земе од пред судот.

Де Ниро немаше кој да го земе од пред судот за разводи во Њујорк , каде 75 – годишниот актер се обидуваше со два весника да се скрие од новинарите. На судското рочиште, адвокатка од Де Ниро се обидуваше да се избори за старателство на актерот над неговата 7-годишна ќерка Хелен Грејс, која ја имаат со неговата сопруга Грејс Хајтауер, со која беше 21 година во брак.

Оскаровецот беше многу нервозен по излегувањето од судот , а дополнителна нервоза му приреди неговиот возач, кој не беше на време на Менхетн за да го однесе Де Ниро подалеку од љубопитните новинари.

Скриен зад весник тој на возачот му упати и навреди и пцовки: „Не ме интересира дека те бркале. Што е со тебе? Каде си? Ова е одвратно”, викаше Де Ниро на возачот по телефон, а новинарите го снимаа целиот разговор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…