Home Шоубизнис Холивудска сељачана: Плаќале мито за децата да си ги запишат на престижни универзитети

Холивудска сељачана: Плаќале мито за децата да си ги запишат на престижни универзитети

Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Лафлин се обвинети за плаќање мито на универзитетски управи преку посредници со цел нивните деца да бидат примени да студираат на престижни универзитети.

Според обвинението кое е поднесено против актерките, посредниците ги фалсификувале документите на децата, вклучително и резултатите од тестот, за да создадат олеснителни околности тие полесно да бидат примени на престижни универзитети. Актерките се познати по улогите во сериите ,,Очаjни домаќинки” и ,,Полна куќа”.

Против Вилијам Сингер, кој раководел со мрежата , се подигнати четири обвиненија , меѓу другото за изнуда и за перење пари.

Организацијата , со која раководел Сингер примила вкупно 25 милиони долари од родители, кои сакале да ги запшишат своите деца на престижни универзитети како Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, УЦЛА и Веик Форест.

Вкупно 33 родители се обвинети зашто побарале услуги од Сингер и за тоа платиле од 200.000 до 6,5 милиони долари за студент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Николија и Реља се венчаа по 12 години врска: Кои беа нивните кумови? (ФОТО)

Николија Јовановиќ и Реља Поповиќ стапија во брак по 12 години љубов, на интимна церемониј…