Мурињо сака да се врати на местото на најголемиот успех!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо е без ангажман после отказот во Манчестер Јунајтед, но и понатаму е на „цена“ и многу понуди пристигнуваат на негова адреса.

„Специјалниот“ сигурно ќе му се врати на фудбалот следната сезона, а медиумите веќе подолго време лецитираат со неговиот следен ангажман.

Како што наведуват медиумите во Италија, Мурињо сака да се врати во Интер, на местото каде што го постигна најголемиот успех во кариерата.

Позицијата на Спалети е разнишана и на крајот на сезоната најверојатно ќе има тренерска смена на „Џузепе Меаца“.

Како фаворити за негови наследници се Жозе Мурињо и Антонио Конте.