Home Актуелно Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Потпишан Протоколот за приемот на Македонија во НАТО

Амбасадорите на 29 земји членки на Северно-атлантската алијанса денеска во седиштето на организацијата го потпишаа Протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На церемонијата во седиштето на Алијансата, во Брисел, присуствуваше министерот за надвбрешни работи Никола Димитров, кој утринава директно допшатува во Брисел од Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот изјави дека „ова е историски момент за земјата. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас покажаа голема храброст со постигнувањето на Договорот од Преспа, со што придонесоа и за стабилноста и безбедноста на регионот“.

-Тоа беше тежок пат, исполнет со компромиси. Долго време Ве чекавме да ни се приклучите во семејството. Учествувате во мисиите на НАТО и ги исполнивте реформите потребни за да станете 30-та членка на НАТО. По потпишувањето следува процесот на ратификација и не се сомневаме дека ќе биде ратификуван во сите држави членки“, изјави Столтенберг.

„За нас членството во НАТО е преминување на страната на сигурноста, тоа прашање на сигурност, стабилност, вредности и граѓански слободи“, истакна Димитров.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…