Барса активираше „бомба“: Спремни сме да преговараме за Иско!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Барселона Жосеп Марија Бартомеу ја започна прихолошката војна пред вечерашното „Ел Класико“.

Имено, Бартомеу најави дека е спремен да преговара со својот колега Флорентино Перез за можен трансфер на Иско.

Во последните години двата шпански гиганти немаат тенденција да купувата играчи едни од груги. Последен таков „бомбастичен“ трансфер се случи кога Реал го „украде“ Луис Фиго.

„Ако стручниот штаб ни побара играч и доколку тој посака да замине од Мадрид. се разбира дека ќе го купиме, иако такви работи тешко се случуваат откако сум на чело на клубот“, порача Бартомеу.

„Немаме договор или пакт со никого, секој може да се обиде да се избори со конкуренцијата. Ако е потребно, сериозно ќе разговараме за Иско со Реал“, додаде Бартомеу.