Home Спорт ФОТО НА МЕСЕЦОТ: Прегратката на браќата Ѓоргиеви во историскиот успех е број 1 во Европа!

ФОТО НА МЕСЕЦОТ: Прегратката на браќата Ѓоргиеви во историскиот успех е број 1 во Европа!

Минатиот месец македонската одбојкарска репрезентација стигна до исторсиски успех пласирајќи се на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Ова е нова страница во македонската одбојкарска историја и сигурно дека многу значи за целиот спорт во нашата земја.

После победата над Унгарија во СРЦ Кале македонските одбојкари од радост пуштија и солзи, а во тие моменти настана и една премоќна фотографрија.

Браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви со солзи прегрнати ја славеа победата. Токму оваа нивна фотографија од страна на Европската куќа на одбојката (ЦЕВ) беше прогласена за фотографија на месецот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…