Home Вебкафе Шокантни сцени: Тинејџер проба да ги изгази полицајците, овие го застрелаа (видео)

Шокантни сцени: Тинејџер проба да ги изгази полицајците, овие го застрелаа (видео)

По затворањето на еден ноќен клуб во Лејкленд, Флорида, стотина луѓе останале во уличката од клубот каде имало голема гужва, а неколку автомобили биле паркирани во близина. Поради тоа, на терен да интервенира излегла и локалната полиција.

Додека полиција им говорела на луѓето да се разидуваат полека, забележале еден „Camaro“ за кој имале сознанија дека е украден.

Кога се приближиле до возилото, возачот нагазил на гасот и се обидел да го прегази полицаецот кој скокнал меѓу два автомобили за да се спаси.

Возачот продолжил со нападите со возилото, па патем удрил во неколку автомобили. Полицајците отвориле оган и го погодиле возачот. И утврдило дека има само 17 години, а во прашање е Мајкл Џером Тејлор кој бил на условна слобода, а и бил познат на полицијата по кражби, брзо возење и други кривични дела. Како што се наведува, целиот инцидент траел 42 секунди.

Тејлор починал во болница од здобиените повреди, а истрагата утврдила дека во возилото имал и оружје.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…