Home Актуелно Трамп го ремети Макрон за постигнатиот договор со „Жолтите елеци“

Трамп го ремети Макрон за постигнатиот договор со „Жолтите елеци“

Со ироничен статус полн со сарказам објавен на неговиот официјален Твитер профил, претседателот на САД, Доналд Трамп, му се потсмеваше на францускиот претседател Емануел Макрон за проблемите кои ги има со протестите организирани од „Жолтите елеци“ кои ја тресат Франција.

„Мило ми е што мојот пријател Емануел Макрон и демонстрантите се согласија со мојот заклучок од пред околу две години“ – напиша Трамп во вчерашниот твит.

Тој понатаму додава дека Договорот од Париз потпишан во 2015 година не е добар.

„Парискиот договор е ужасно полн со недостатоци бидејќи ги зголемува цените на енергенсите за одговорните земји, додека ги прикрива некои од најлошите загадувачи“ – порача Трамп.

На почетокот на неделата францускиот премиер Едуард Филип одлучи да го одложи зголемувањето на данокот за гориво барем за шест месеци, како одговор на протестите кои траат со недели и често се насилни, а овој потег стана прво поголемо отклонување во политиката на администрацијата на Макрон за 18 месеци колку што е на власт.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…