Home Спорт Кјелце падна во „Јане Сандански“: Вардар втор во групата!

Кјелце падна во „Јане Сандански“: Вардар втор во групата!

Тимот на Вардар денес запиша победа против Кјелце со 28:27 и така првиот дел од Лигата на шампионите ќе го заврши на втората позиција.

Вардар од самиот почеток започна одлично и стекна предност која одлично ја чуваше, а на седум минути пред крајот на првиот дел таа изнесуваше и највисока од +5 голови разлика.

Во последните минути од првиот дел Кјелце одигра нешто подобро па на полувреме Вардар замина со преднсот од три голови разлика 14:11.

Во вторите 30 минути Кјелце продолжи со добрата игра од првиот дел. Гостите успеаа и да го добијат вториот дел со 14:16, но за наша среќа предноста од првиот дел беше доволна за Вардар да слави победа со 28:27.

Кај Вардар најефикасни беа Скубе и Криштопанс со по четири гола, додека Алекс Душебаев беше најефикасен кај Кјелце со пет гола.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…