Home Актуелно Бомба од ЈО: Телефоните од Јавното обвинителство биле прислушувани две години

Бомба од ЈО: Телефоните од Јавното обвинителство биле прислушувани две години

Очигледно на површина излегува нова афера од типот на „Големото уво“, откако обвинителот Љубомир Јовески откри дека фиксната телефонија на Јавното обвинителство на Република Македонија била комплетно прислушувана најмалку две години.

Снимањето на разговорите од фиксните телефони поставени во зградата на обвинителството на кејот на Вардар се одвивало најмалку две години открива државниот јавен обвинител.

Првиот снимен разговор на двата хард диска поставени во склоп на телефонската централа е од 30 септември 2016 година.

Обвинителот Љубомир Јовески, соопшти дека за овој случај е отворена и предистражна постапка.

Ќе се утврдуваат сите аспекти од настанот, вклучувајќи проверка на тендерската документација за набавка на опремата, овластувањата за нејзино користење, како и дали, во колкав обем и за кои цели е вршена употреба на снимените податоци, соопштуваат од Обвинителството.

Првиот човек на Јавното Обвинителство соопшти дека ќе се истражува и дали се вршело снимање на разговорите во ОЈО за организиран криминал, кое пак е сместено во зградата на Апелација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…