Home Спорт Милан започна преговори со Челзи за дури тројца фудбалери

Милан започна преговори со Челзи за дури тројца фудбалери

Италијанскиот гигнат Милан ќе се обиде да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а на списокот на „росонерите“ се дури тројца фудбалери на Челзи.

Новиот директор на „росонерите”, Леонардо, веќе имал неколку состаноци со челниците на Челзи и за време на истите ги информирал дека Милан е сериозно заинтересиран за услугите на тројца фудбалери на „сините“.

Главна мета на Милан е играчот за врска Цеск Фабрегас чиј договор со „сините“ истекува на крајот на сезоната. Леонардо побарал од Челзи да го ослободи Шпанецот уште во јануарскиот преоден рок.

Притоа во разговорите Милан се распрашувал уште за двајцата дефанзивци, Кристенсен и Гери Кејхил кои оваа сезона добиваат мала минутажа.

Милан поради големиот број на повреди има потреба од дефанзивец, па би сакал да донесе еден од споменатите двајца на позајмица до крајот на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…