Home Актуелно Петочна и викенд временска прогноза

Петочна и викенд временска прогноза

Овој петок носи променливо облачно наместа со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Максималните дневни температури ќе се движат од 9 Целзиусови степени во Крива Паланка и Берово, Маврово и Скопје 10, Битола 11, Кавадарци 12, Охрид 13, Гевгелија 14…

Утре времето ќе биде значително облачно со појава на магла по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 до 13 степени.

В недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежи од дожд ќе има во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 9 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…