Home Спорт Мурињо го носи „новиот Видиќ“ на „Олд Трафорд“

Мурињо го носи „новиот Видиќ“ на „Олд Трафорд“

Српскиот репрезентативец Никола Миленковиќ игра фантастично во дресот на Фиорентина и веќе се етаблираше во еден од најперспективните стопери во Европа.

За 21-годишниот дефанзивец интерес покажуваат многу европски гиганти, а најконкретен е интересот на Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат Србинот, кој веќе го доби епитетот „новиот Видиќ“, па сакаат да го донесат на „Олд Трафорд“ уште во јануари.

Не е познато колава сума е спремен да понуди Мурињо, но Фиорентина сигурно нема да го пушти својот „бисер“ за сума помала од 50 милиони евра.

Доколку не успеат да го донесет Миленковиќ во јануари, тогаш ќе се обидат на крајот на сезоната.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1065382096942841856

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…