Home Спорт Милан има големи планови – тргнува по Годин!

Милан има големи планови – тргнува по Годин!

Капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин е следната голема трансфер цел на амбициозното раководство на Милан, тврдат италијанските медиуми.

Милан сака повторно да се врати на врвот на европскиот фудбал и затоа е спремен сериозно да го засили тимот за следната сезона, а Диего Годин е примарна цел.

„Кориере дело Спорт“ открива дека спортскиот директор Леонардо веќе работи на трансферот и Уругваецот може да пристигне следното лето на „Сан Сиро“ како слободен агент.

32-годишниот дефанзивец се уште не започнал преговори со Атлетико за продолжување на договорот, па уште во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови и да потпише преддоговор.

„Росонерите“ сметаат дека Уругваецот ќе биде идеаелен партнер на Ромањоли во одбраната и брзаат да ги договорат условите уште во јануари.

https://youtu.be/9ISBGK5pDiU

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…