Home Спорт На Германците за слабите резултати им е виновен – Гвардиола!

На Германците за слабите резултати им е виновен – Гвардиола!

Германската фудбалска репрезентација во последно време игра многу лошо, а тоа резултираше со испаѓање во Б-дивизијата во Лигата на нации.

Германија на Мундијалот испадна уште во групната фаза, а тоа беше навестување на лошата форма и лошите резултати.

Германците го најдоа виновниот за кризата и директно го обвинија бившиот тренер на Баерн Минхен – Пеп Гвардиола.

„Ова што ни се случува е вина на Гвардиола. Тој не убедуваше дека е доволно 75% посед за да победиш. Во фудбалот резултатот е многу поважен од контролата. Поседот на топка не е доволен за победа“, тврди поранешниот репрезентативец, Ханс Петер Бригел.

„Тоа го демонстрираше Франција и стана светски шампион. Може да се победува и со традиционален начин на игра. Најважно не е да се игра добро, туку резултатот. Сепак, мислам дека ова кај нас е само минлива криза, не е прв пат да влегуваме во лоша серија“, заклучи Бригел.

Во 2018 година Германија одигра 12 натпревари на кои доживеа дури 6 порази, два ремија и оствари само четири победи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…