Home Спорт Нова трагедија: Италијански фудбалер пронајден мртов!

Нова трагедија: Италијански фудбалер пронајден мртов!

Фудбалер на аматерскиот италијански клуб Мартина бил пронајден мртов, пренесуваат медиумите на Апенините.

Безживотното тело на 19-годишниот Фабиано Колучи било откриено од неговиот брат во семејната куќа.

Колучи требало да се сретне со капитенот на тимот Марко Амато, а италијанските медиуми претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.

„Потресени сме од веста. Ја замоливме Лигата да го одожи следниот меч. Не можеме да најдеме објаснување, се уште сме во шок“, изјави претседателот на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…