Home Спорт Сензација на Зверев: Го елиминираше Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Лондон

Сензација на Зверев: Го елиминираше Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Лондон

Со убедлива победа од 2:0 во сетови (6:4 и 6:3), германскиот тенисер Александар Зверев направи вистинска сензација на завршниот АТП Мастерс во Лондон.

Зверев во финалето, што медиумите го прогласија како судир на генерации, го совлада првиот фаворит на турнирот и водечки на светската ранг листа, Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:3.

За 21 годишниот тенисер од Хамбург ова е прв трофеј во второто учество на турнирите на осумте најдобри тенисери во сезоната и воедно втор триумф во четвртото соочување со српскиот ас.

Зверев до титулата стигна со четири победи и само еден пораз што го доживеа токму од Ѓоковиќ во рамки на групната фаза. Победата во Лондон му донесе 1.300 АТП бодови и паричен чек на 2.509.000 евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…