Home Спорт Видео: Пред 15 години Меси дебитираше за Барса… останатото е историја!

Видео: Пред 15 години Меси дебитираше за Барса… останатото е историја!

Денес се навршуваат точно 15 години од дебито на Лионел Меси за првиот тим на Барселона.

Аргентинецот ги запиша првите минути во дресот на каталонскиот гигнат на 16 ноември 2003 година во пријателски меч против Порто на „Драгао“.

За споменатиот натпревар Франк Рајкард повика неколку млади фудбалери, а еден од нив беше Лео Меси, кој потоа израсна во една од најголемите легенди на Барселона во нејзината историја.

Меси влезе во игра во 75-та минута и креираше две големи шанси за соиграчите, а исто така и самиот имаше шанса, но пропушти да постигне гол. Аргентинецот тогаш имаше 16 години, 4 месеци и 23 дена.

https://twitter.com/brfootball/status/1063359643320229888

На тој натпревар против Порто Меси го носеше дресот со број 14, а скоро една година подоцна, на 16 октомври 2004 година дебитираше во Примера во градското дерби против Еспањол.

До овој момент Меси освои пет „Златни топки“, девет титули во Примера, шест во Купот, четири трофеи во ЛШ, а за Барселона постигна 566 гола.

https://youtu.be/wGKlZvTRXJY

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…