Home Актуелно „Викиликс“ открива: САД има поднесено обвинение против Асанж

„Викиликс“ открива: САД има поднесено обвинение против Асанж

Проти основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, човекот кој во 2010 година објави голем корпус на тајни американски документи, Соединетите Американски Држави имаат поднесено обвинение, објави Викиликс.

„Обвинителите невнимателно, во рамки на друг случај, го открија постоењето на обвинението кое требаше да биде тајна“, соопшти организацијата.

Точната содржина на обвинението против Асанж засега не е позната.

На Твитер „Викиликс“ напиша: „Американското министерство за правосудство ’случајно‘ го откри постоењето тајни точки на обвинение или на планови за такво обвинение против директорот на Викиликс Џулијан Асанж, во она што изгледа како грешка при копирање и спојување во друг случај, кој исто така се истражува во источниот округ на Вирџинија“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…