Писмо од Ајнштајн во кое предупредува на опасноста од нацизмот продадено за скоро 40.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Писмото кое рачно го напишал еден од најголемите научници и физичари во историјата на човештвото, генијот Алберт Ајнштајн, во кое тој, пред повеќе од една декада од доаѓањето на нацистите на власт, предупредува на растечкиот антисемитизам и национализам, на аукција беше продадено за сума од 39.360 долари.

Аукциската куќа „Kedem“ соопшти дека писмото, кое претходно не било познато дека воопшто постои, било однесено кај нив од анонимен колекционер и дека е продадено на аукција во Ерусалим за 39.360 долари. Почетната цена била 12.000 долари.

Ова писмо од Ајнштајн било упатено до неговата сестра во периодот кога Алберт почнал да се крие после убиството на германскиот министер за надворешни работи со еврејско потекло, Валтер Ратенaу, од страна на десничарските екстремисти. Полицијата го предупредила научникот дека и неговиот живот би можел да биде во опасност.

Тој потоа избегал од Берлин и се сокрил во северна Германија. Тогаш го напишал писмото на неговата помала сестра Маја.

„Тука никој не знае каде сум и се верува дека сум исчезнал. Тука доаѓаат тешки економски и политички времиња, така што среќен сум што сум во можност да избегам од сè“, напишал Ајнштајн.

Писмото од 1922 година покажува дека тој бил загрижен за иднината на Германија пред нацистите да се обидат да ја преземат власта во Баварија.

Ајнштајн се откажал од германското државјанство во 1933 година кога Хитлер станал канцелар и се преселил во САд каде што живеел до неговата смрт во 1955 година.