Home Спорт Постигнат договор: Солари во Реал Мадрид до 2020 година!

Постигнат договор: Солари во Реал Мадрид до 2020 година!

Сантиаго Солари дојде како привремено решение после отказот на Лопетеги, но после четирите победи во првите четири меча го убеди раководството да му понуди перманентен договор.

Најеминентните шпански медиуми „АС“ и „Марка“ пренесуваат дека е постигнат договор и дека Солари наскоро ќе добие договор до 2020 година.

Најверојатно договорот ќе биде до 2019 година, со опција на уште една сезона, а се очекува наскоро да стигне и официјално соопштение од Реал Мадрид.

Според „Марка“, претседателот Перез знаел дека Солари е вистинскиот човек за клупата на „кралевите“, а откако стана првиот тренер во историјата кој стартуваше со четири победи, реши да му понуди долгорочен договор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…