Home Шоубизнис Прва официјална фотографија од последната сезона на „Game of Thrones“

Прва официјална фотографија од последната сезона на „Game of Thrones“

Вчера, на социјалните мрежи, беше објавена првата фотографија од снимањето на осмата и последна сезона на мега-популарната ТВ серија „Game of Thrones“.

На фотографијата се Денерис Таргариен (Емилија Кларк) и Џон Сноу (Кит Харингтон), а локацијата пред која се наоѓаат многу потсетува на Винтерфел.

Седмата сезона на серијата заврши со сексуален акт помеѓу Денерис и Џон Сноу, додека одеа кон Винтерфел, каде веројатно Самвел Тарли ќе им соопшти дека тие се всушност роднини. Фотографијата од двата главни ликови вчера се појави на насловната страница на магазинот Entertainment Weekly.

„Game of Thrones“ ќе заврши по емитувањето на осмата сезона, а нејзината премиера ќе биде некаде кон средината на наредната година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…