Home Шоубизнис Бекам призна: Со Викторија не е лесно, бракот ни мина тешки премрежја… (ФОТО)

Бекам призна: Со Викторија не е лесно, бракот ни мина тешки премрежја… (ФОТО)

Последните месеци многу се шпекулираше дека Дејвид и Викторија Бекам се разведуваат, а иако дизајнерката тоа остро го демантираше, некогашниот фудбалер призна дека има проблеми во нивниот брак.

Некогашната ѕвезда на Манчестер Јунајтед во интервју за една британска телевизија истакна дека помеѓу остнатото нивниот однос подразбира „тешка работа“.

„Кога сте во брак толку долго колку што сме ние двајца, тоа подразбира тешка работа. Во последно време стана и малку покомплицирано“, истакна Бекам, поттикнувајќи ги на тој начин гласините за развод со Викторија, со која стапи во брак пред 19 години и со неа има четири деца.

Тој додаде дека постои „само една работа за која жали во животот“, но не откри за што станува збор. Претходно Викторија даде интервју за британски Бог, во кој доста зборуваше за децата, но не и за сопругот.

За потсетување, Бекамови ова лето беа на семеен одмор на Свети Стефан во Црна Гора, а на папарацо фотографиите парот не делуваше среќно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …